Ракомет

Младост продолжува да се засилува: Мартин Иванов ново десно крило за богданчани

Сподели
ФОТО: РК Младост 1977
Сподели



Новиот суперлигаш РК Младост 1977 од Богданци продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона, а најново име во редовите на клубот е младиот и перспективен ракометар Мартин Иванов.

Дваесетгодишниот Иванов, кој настапува на позицијата десно крило, доаѓа во Богданци од екипата на МРК Куманово, а зад себе има и настапи за младинската репрезентација на Македонија. Станува збор за талентиран ракометар од Велес, од кого во клубот очекуваат да внесе дополнителна брзина, енергија и квалитет во играта.

„Со големо задоволство ви го претставуваме нашето ново засилување на десната крилна позиција. Мартин Иванов (20) од Велес е нов член на РК Младост 1977 Богданци. Младиот десен крилен играч доаѓа од МРК Куманово, а зад себе има настапи и за младинската репрезентација на Македонија. Станува збор за талентиран и перспективен ракометар кој заедно со Ѓорѓе Атанасов треба да донесат брзина и нова енергија на крилната позиција“, велат од клубот.

Иванов во новата сезона ќе формира силна конкуренција на десната крилна позиција со Ѓорѓе Атанасов, а раководството на клубот активно работи на создавање конкурентен ростер кој ќе може достојно да одговори на предизвиците во Супер лигата.

Младост од Богданци обезбеди враќање во македонската ракометна елита откако во баражот ја совлада Струга, а амбициите на клубот се јасни – формирање на квалитетен тим кој ќе биде конкурентен во суперлигашкото друштво.

Покрај ангажманот на Мартин Иванов, богданчани претходно ги засилија своите редови и со искусниот пивот Владимир Бојаниќ кој дојде од Охрид, левиот бек Тодор Узунчев, левото крило Славе Јанковски и голманот Благој Панов. Клубот ги продолжи договорите со Живојин Илиќ, Даниел Андоновски и Ѓорѓе Атанасов, додека професионални договори потпишаа и младите таленти Мартин Стојановски и Никола Тасев.

Со ваквите потези, Младост Богданци испраќа јасна порака дека сериозно се подготвува за настапите во новата суперлигашка сезона.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн ќе играме против Швајцарија, во обид за први бодови во новото...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!