Останато

Марко Алексовски двоен шампион на „Црна Река Опен 2026“ во Кавадарци

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски продолжува да реди успеси на меѓународната сцена. Како прв носител на турнирот „Црна Река Опен 2026“ во Кавадарци, од категорија 3 за тенисери и тенисерки до 16 години, Алексовски стигна до двојна титула, триумфирајќи и во сингл и во конкуренција на двојки.

Во финалниот меч во сингл конкуренција, македонскиот тенисер беше подобар од вториот носител, Данецот Николај Петерсен, совладувајќи го со 2-0 во сетови (6:3, 6:2).

Најголем отпор Алексовски имаше во второто коло против Гркот Џери Куцојоргос. По загубениот прв сет со 2:6, македонскиот тенисер возврати со ист резултат во вториот сет, а во решавачкиот славеше со 7:5 и обезбеди пласман во следната рунда. Потоа во четвртфиналето го победи Бугаринот Никола Павлов со 6:3 и 6:2, додека во полуфиналето беше убедлив против Лазаре Сутијашвили од Грузија со 6:2 и 6:2.

Успешниот настап Алексовски го заокружи и во двојки, каде заедно со Петерсен ја освои титулата. Во финалето тие ги совладаа Грците Џери Куцојоргос и Космас Дракос со 2-0 во сетови (6:2, 7:6).

Од македонските претставници добар настап имаа и Деа Крстевска, Анастасија Арсовска и Селим Јилдиз, кои стигнаа до четвртфиналните натпревари во своите конкуренции.

Вреди да се истакне дека Алексовски кон крајот на мај играше полуфинале во сингл и во двојки на турнир од категорија 1 во италијанскиот град Толентино, потврдувајќи ја својата одлична форма.

Следен голем тениски настан во Македонија е ИТФ фјучрс турнирот во Скопје, кој ќе се одржи од 29 јуни до 5 јули.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!