ИнтернационалциФудбал

Силекс без патување во Минск: Европскиот предизвик против Динамо ќе се игра во Бугарија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Македонскиот освојувач на Купот на Македонија, Силекс, европската авантура во Конференциската лига ќе ја започне против белорускиот шампион Динамо Минск, но првиот натпревар нема да се игра во Белорусија.

Поради санкциите и мерките на УЕФА кон белоруските клубови, Динамо Минск своите меѓународни натпревари и понатаму е принуден да ги игра на неутрален терен. Така, дуелот од првото квалификациско коло, кој е закажан за 9 јули, ќе се одигра во бугарска Стара Загора на стадионот на Берое и без присуство на публика.

Одлуката на УЕФА е во сила уште од 2022 година, кога на белоруските клубови и репрезентации им беше забрането да бидат домаќини на своја територија поради воениот конфликт во Украина.

Реванш натпреварот меѓу Силекс и Динамо Минск е закажан за 16 јули и ќе се одигра во Македонија на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, бидејќи стадионот во Кратово не ги исполнува условите за европски натпревари.

Кратовци ги очекува сериозен предизвик против искусниот белоруски претставник, а доколку успеат да обезбедат пласман во следната рунда, таму ќе ги чека нов тежок европски тест. Потенцијален противник во второто квалификациско коло е азербејџански Нефчи, клуб со богато европско искуство.

Силекс ова лето се враќа на европската сцена со големи амбиции, а првата пречка на патот кон подолг настап во Конференциската лига ќе биде токму Динамо Минск.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во натпреварувањето во кое минатата сезона испиша историја. Актуелниот освојувач на ЕХФ...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда ќе го има историскиот дебитантски настап во Лигата на шампионите. Противник...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!