Прва лигаФудбал

Положани се врати дома: Шкендија му ја довери клупата на поранешниот капитен

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели



Актуелниот македонски шампион Шкендија официјално го промовираше Артим Положани за нов шеф на стручниот штаб на тетовскиот клуб. Поранешниот капитен на „црвено-црните“ се враќа во клубот во нова улога, со задача да ја предводи екипата во домашните натпреварувања и европските предизвици што следуваат.

Од Шкендија истакнуваат дека изборот на Положани е направен со јасна цел – продолжување на развојот на конкурентен тим кој ќе биде подготвен да се бори за трофеи и достојно да ја претставува Македонија на меѓународната сцена.

Положани е добро познато име во тетовскиот клуб. Како фудбалер во повеќе наврати ги бранеше боите на Шкендија и ја носеше капитенската лента, а по завршувањето на играчката кариера работеше на различни тренерски и раководни позиции, стекнувајќи драгоцено искуство како помошник тренер, главен тренер и спортски директор.

Новиот стратег не го криеше задоволството од враќањето во клубот кој го смета за свој дом.

„Шкендија е најголемиот клуб во Македонија и за мене е чест и огромно задоволство што повторно сум тука. Секако, постои и голема одговорност бидејќи овој клуб секогаш има највисоки амбиции. Не бегаме од тие очекувања и сакаме да ги повториме успесите, бидејќи Шкендија заслужува да биде шампион и редовен учесник во европските купови“, истакна Положани.

Тој нагласи дека во координација со клупското раководство ќе се работи на дополнително засилување на тимот, но и на максимално искористување на потенцијалот што веќе го поседува актуелниот играчки кадар.

Положани најави и препознатлив офанзивен стил на игра, кој според него отсекогаш бил дел од ДНК-та на Шкендија.

„Навивачите на Шкендија заслужуваат атрактивен фудбал. Моите екипи секогаш играле напаѓачки и нема причина тоа да не биде случај и тука. Сакам Шкендија која создава шанси, постигнува голови и игра модерен офанзивен фудбал“, порача новиот тренер.

Покрај Положани, во стручниот штаб ќе бидат и Беким Османи како помошник тренер, Куштрим Вока како асистент и видео-аналитичар, Саладин Мустафи како тренер на голманите и Саимир Фетаи задолжен за физичката подготовка на екипата.

Тетовци веќе ги продолжуваат подготовките за новата сезона, а тимот заминува на подготвителен камп во Словенија, каде ќе ја темпира формата за настапите на домашната и европската сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го надигра Тиквеш и направи важен чекор кон плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 славеше над Тиквеш со 34-27 во директната пресметка за место меѓу шесте најдобри екипи во Суперлигата. Битолчани ја искористија предноста...

ФудбалЧетврта лига

Раштани Спорт убедлив против Форца Нова, Локомотива од Градско до минимална победа, реми на Согле и Горски

Екипата на Раштани Спорт ја имаше најубедливата победа во рамките на 3. коло на Општинската фудбалска лига во Велес, откако со 3:0 славеше...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

По исфрлањето на Тиверија од натпреварување, управата поднесе оставка!

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица се соочува со еден од најтешките моменти...

Прва лигаФудбал

Арсими и Тиквеш ги поделија бодовите во Гостивар, Сила повторно стрелаше за кавадарчани

Арсими и Тиквеш ремизираа со 1-1 во Гостивар во последниот натпревар од...

Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!