Младински фудбалФудбал

ФОТО: Црвена Звезда ги поддржа младите надежи на ФК Дојранско Езеро – пристигна вредна донација на спортска опрема

Сподели
Сподели



Убави вести пристигнуваат за ФК Дојранско Езеро и младите фудбалери од овој регион, откако српскиот фудбалски гигант Црвена Звезда донираше спортска опрема за младите надежи на клубот.

Голема заслуга за реализацијата на оваа иницијатива има поранешниот генерален секретар на Фудбалска федерација на Македонија Никола Костов, кој помогнал да се обезбеди вредната донација за младите фудбалери на Дојранско Езеро.

Во Белград отпатува и тренерот Петар Илиев, кој бил топло пречекан од домаќините. При посетата му била врачена спортската опрема, а воедно имал можност да го разгледа стадионот на Црвена Звезда и да присуствува на тренинг на сениорскиот тим.



Посетата не поминала само во знакот на донацијата. Остварени биле и разговори за идната соработка, при што една од темите била талентираните деца од Дојранскиот регион во иднина да добијат можност да заминат на проба во Црвена Звезда и да го покажат својот потенцијал пред еден од најголемите клубови на Балканот.



Оваа донација претставува значајна поддршка за развојот на младинскиот фудбал во Дојран, а воедно е и дополнителен мотив за младите фудбалери да продолжат со работа и напредок во своите кариери.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!