Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера го доби дербито со Истатов, Скопје со минималец, реми на Вардар и Саса

Сподели
Сподели

Тиверија Брера го доби дербито на 25. коло на Првата женска фудбалска лига откако со 4:2 славеше над Истатов во Струмица. Резултатот го отвори Ивана Илиева во 10. минута од мечот, а во 20. минута гостинот преку Радица Чонева израмни на 1:1.

Сепак, до крајот на првиот дел Билјана Панеска со два гола обезбеди 3:1 на полувреме за Тиверија Брера.

Во второто полувреме Теона Галабовска во 85. минута постигна гол за 4:1, а во 89. минута Елма Шемсовиќ ги постави конечните 4:2 во Струмица.

Натпреварот меѓу Вардар и Каменица Саса заврши без победник, откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2. Туане Де Соуза Фрагосо го отвори резултатот во 18. минута, а десет минути подоцна Теодора Јанковска намали на 1:1. Во 33. минута Туане Де Соуза Фрагосо со втор гол обезбеди 1:2 на полувреме. Радоста на „рударките“ беше скратена во 90. минута со гол на Ива Здравевска за конечни 2:2.

Со голот на Рабија Дервиши во 85. минута шампионот Скопје го доби ланскиот шампион Љуботен со 1:0 во Пржино.

Речица со убедливи 8:0 го испрати Топ Гол во Втора лига. Вања Ристиќ стигна до три гола, двојни стрелци беа Марија Антевска и Лана Спасовска, а еден гол беше дело на Софија Величковска.



Сосема очекувано Ас Јунајтед славеше висока победа над Кочани, откако во Струга резултатот беше 5:1. Јована Павловска и Тамара Лазеска беа двојни стрелци, а еден гол беше дело на Елена Мицевска.

За гостинската екипа единствен стрелец беше Нина Манасиева.

Екипата на Скопје која има 69 бодови пред неколку кола стана шампион, а пак Тиверија Брера го потврди второто место и има во моментот 57 бодови. Истатов е трет со 49 бодови, а пак Љуботен е четврти со 44 бодови.

На 5. место е Каменица Саса со 41 бод, Ас Јунајтед е шести со 38 бодови, Вардар е седми со 23 бодови, Речица е осма со 16 бодови, Кочани е претпоследен и ќе игра бараж за опстанок, а има 10 бода, а на дното е Топ Гол кој испадна во Втора лига со четири бода.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!