Прва лигаФудбал

Мирчевски: Преку Купот сакаме да обезбедиме Европа, а денес одиме по три бода

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Силекс со пласманот во финалето на Купот ја исполни својата главна цел за оваа сезона, особено откако стана јасно дека кратовскиот тим нема да успее да стигне до третото место во Првата македонска фудбалска лига. До крајот на шампионатот, на Силекс му преостануваат уште три натпревари, но најголемото внимание веќе е насочено кон финалето од Купот против Шкендија.

Во рамките на денешното коло, кратовци гостуваат кај ФК Вардар, иако бодовите немаат преголемо резултатско значење, од таборот на Силекс порачуваат дека тимот ќе настапи максимално мотивирано и ќе се обиде да стигне до позитивен резултат, без промена во пристапот и стилот на игра.

„Во првиот дел од полусезоната освоивме доволно бодови за во вториот да играме доста растоварено. Против Вардар нема да биде ништо поразлично. Единствена цел на Силекс е сега преку Купот да се обезбеди Европа. Секој играч ќе го даде максимумот против Вардар, а дали ќе биде доволно ќе видиме. На секој натпревар одиме на три бода, и така ќе биде и сега. Немаме намера да го смениме пристапот и денеска. Секако дека го цениме тимот на Вардар, лидер на табелата кој се наоѓа пред освојување на титулата, на нас останува само да играме наша игра. Овие натпревари сега ќе ни послужат како подготовка за финалето на Купот, и се надевам дека таму ќе дојдеме до трофејот“, изјави Мартин Мирчевски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!