КупМладински фудбалФудбал

Го знае ли Ганчев рецептот за финале во младинскиот Куп?

Сподели
Сподели



Интересен податок кој е за респект ни доаѓа од Битола после пласманот на кадетите на Пелистер во финалето од Купот на Македонија, каде за противник ќе ја имаат екипата на Вардар и без сомнение ќе биде вистинско уживање да се проследи тој натпревар.

За издвојување е тоа што генерацијата 2008 веќе во континуитет се пласира во финалето од Купот на Македонија:

2023/24 – Помлади пионери
2024/25 – Пионери
2025/26 – Кадети

Ова е трето последователно финале за оваа генерација, која за свој предводник го има еден од легендите на македонскиот фудбал – Горан Ганчев.

Поранешниот македонски фудбалер со богата интернационална кариера, денес успешно го пренесува своето огромно искуство на младите фудбалери во Битола. Она што посебно го издвојува Ганчев е неговата дисциплина, победнички менталитет и способност кај младите играчи да создаде карактер, самодоверба и фудбалска зрелост.



Токму затоа не изненадува фактот што оваа генерација веќе трета сезона по ред е дел од големото финале. Континуитет кој не доаѓа случајно, туку е резултат на напорна работа, посветеност и јасна фудбалска визија.

Во Битола сè погласно се поставува прашањето – дали Ганчев го знае рецептот за финале во младинскиот куп? Резултатите велат – да.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!