Прва лигаФудбал

Комити: Секој со македонско знаме ќе има бесплатен влез на мечот Вардар – Тиквеш!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В недела Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочи со Тиквеш, во рамки на 17. коло, кое е претпоследно есенско коло.

Навивачката група „Комити“ се одлучија на реакција и донесе одлука, секој кој ќе носи македонско знаме на натпреварот ќе има бесплатен влез. Ова е уште една причина со која ќе се наполни стадионот.

„Не е време за седење дома, време е за акција. Во недела, масовно низ скопските улици, а потоа и на стадионот. Упатуваме апел за носење на државното знаме на Македонија, како и за масовно присуство на кортеото и во копот“, се вели во соопштението на „Комити“.

Натпреварот е важен за Вардар, победата му е потребна за излез од опасната зона и прогресирање кон средината од табелата во безбедниот дел кој гарантиран директен опстанок. Тиквеш ќе има тешко гостување во Скопје, бидејќи и тој е во ситуација кога се бори за бодови со цел да го напушти днот на табелата во Првата лига.

Натпреварот стартува во 13 часот, а како што веќе информираше Спортска Мрежа главен судија на истиот ќе биде Игор Иванов од Велес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на Санта Колома во меч на тотална доминација за следна фаза од...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на...

Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби...

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!