Ракомет

Дерби дуел: Вардар и Пелистер во битка што може да ја реши титулата!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Суперлигашката трка за титулата влегува во самата завршница, а вечерва во Скопје ќе се одигра можеби и клучниот натпревар во сезоната. Имено, во рамки на последниот меч од 7. коло во плеј-офот, Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“ од 19:00 часот ќе го пречека актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Скопскиот тим има одлична можност по пауза од три години повторно да се искачи на врвот на македонскиот ракомет. На „црвено-црните“ им одговара победа, реми, но и минимален пораз до два гола разлика, со оглед дека во досегашните меѓусебни пресметки имаат две победи и подобра гол-разлика од битолчани.

Од друга страна, Еурофарм Пелистер доаѓа во главниот град со јасна цел – да ја продолжи битката за титулата и да не дозволи Вардар уште вечерва да ја прослави шампионската круна. За битолчани бодовите се важни и во трката со Охрид за позицијата веднаш зад лидерот на табелата.

До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, но вечерашниот дуел може да донесе голем пресврт во шампионската битка и да го одреди патот на титулата.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!