Трета лигаФудбал

Историска одлука: Општина Струмица го додели теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“ на ФК Тиверија

Сподели
Сподели

Историска одлука на Советот на општина Струмица, откако на седницата одржана на 15. ноември годинава донесена е одлука за давање на трајно користење на теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“ на фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица.

За фудбалскиот клуб Тиверија кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Исток ова е голем историски момент.

„Иницијативата на новиот управен одбор на ФК Тиверија предводена пред се од Александар Митев и Зоран Ѓоргиев како и Претседателот Илија Панов и останатите членови беше прифатена од страна на советниците од сите политички партии при Советот на општина Струмица кои едногласно кренаа рака теренот да се даде на трајно користење на фудбалскиот клуб Тиверија. Изразуваме огромна благодарност до сите нив. Најголема благодарност изразуваме до градоначалникот на општина Струмица КОстадин Костадинов како и Претседателот на Советот и поранешен фудбалер Марјан Даскаловски кои застанаа зад иницијативата на нашиот клуб“, велат од ФК Тиверија.

Со ваквата одлука фудбалскиот клуб Тиверија кој опстојува повеќе од 100 години конечно ќе има свој фудбалски терен.

„Сакаме да ги информираме останатите корисници на фудбалскиот терен дека ќе продолжат да го користат истиот за тренинзи и натпревари и со истите ќе склучиме посебен договор за начинот на користење на објектот со кој ќе се регулираат меѓусебните права и обврски. Ветуваме подобри услови за тренинзи и натпревари, струмичките спортисти го заслужуваат тоа“, додаваат од ФК Тиверија.

Клубот настапува во Трета лига – Исток, а есенскиот дел го заврши на дното од табелата со шест бодови на своето конто, а во пролетниот дел целта ќе биде клубот да се издигне и да заврши што повисокото на табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10. коло од македонската Суперлига, ќе се одигра во Т-Арената во СЦ...

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во ракометната Суперлига в сабота, на 14 ноември, од 18:30 часот во...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!