Втора лигаФудбал

Македонија ЃП е на врвот во Втора лига, како изгледа табелата?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

По 13 одиграни кола лидер на табелата во Втората фудбалска лига е Македонија ЃП со 32 бодови на своето конто, додека пак на второто место е Брегалница која има два помалку односно 30 бодови.

Во бараж зоната односно на третото место е Башкими со 29 бодови, а пак на четвртото место е Арсими кој има 26 бодови. Овие екипи пополека се одвојуваат.

На делба на петтото место се Каменица Саса, Детонит Плачковица и Охрид кои имаат по 21 освоен бод. На осмото место е Кожуф со 18 бодови, Новица е на 9. место со 17 бодови, а пак Беласица и Скопје го делат десеттото место со по 16 бодови.

На 12. место е Победа со 13 бодови, Вардар Неготино е на 13. место со 11 бодови.

Во бараж зоната за опстанок е Осогово од Кочани кој има осум бодови, Борец е во зоната за директно испаѓање со пет бодови како претпоследен, а на дното е „фенерџијата“ Вардарски со два бодови и како единствен тим кој нема триумф.

Повеќе од јасно е дека Вардарски ќе има најтешка задача за опстанок, а во слична ситуација е и Борец, додека пак Осогово и Вардар Неготино ќе водат борба за да го избегнат баражот, а во таква ситуација барем засега е и Победа од Прилеп, која лани преку бараж остана во Втората лига.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА:

# Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 13 10 2 1 26 5 +21 32
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 13 9 3 1 20 9 +11 30
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 13 9 2 2 21 8 +13 29
4 ФК АРЕСИМИ-1973 13 8 2 3 22 13 +9 26
5 ФК КАМЕНИЦА САСА 13 6 3 4 23 16 +7 21
6 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 13 5 6 2 17 12 +5 21
7 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 13 6 3 4 17 14 +3 21
8 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 13 4 6 3 16 13 +3 18
9 ЗФК НОВАЦИ 2005 13 5 2 6 17 13 +4 17
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 13 3 7 3 14 14 0 16
11 ФК СКОПЈЕ АД 13 3 7 3 13 13 0 16
12 ФК ПОБЕДА АД 13 4 1 8 20 25 -5 13
13 ГФК ВАРДАР Неготино 13 3 2 8 14 23 -9 11
14 ГФК ОСОГОВО 13 2 2 9 12 29 -17 8
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 13 1 2 10 6 24 -18 5
16 ФК ВАРДАРСКИ 13 0 2 11 9 36 -27 2

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија. Клубот во минатото се натпреваруваше и во Втората македонска...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал лига, откако на стартот од сезоната беше поразен со 4:1 од...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал...

ФудбалФутсал

Реми на дербито меѓу Форца и Шкупи, поранешните шампиони ги поделија бодовите

Без победник заврши дербито на поранешните шампиони од првото коло на Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!