ФудбалФутсал

Балкан слави голема и убедлива победа, триумф за Партизан Југ во дербито со СЕЕ Университи

Сподели
Сподели

Екипата на Балкан продолжува да нижи високи и убедливи победи преку доминантна игра, откако во рамки на 7. коло на Втората футсал лига со 3:7 го „збриша“ и ланскиот прволигаш Карадаку, кој е „фенерџијата“ на дното без бодови.

Фаворитската улога беше на страна на екипата на Балкан и истата беше оправдана. Во првиот дел се обиде Карадаку да парарира и да направи изненадување, откако резултатот беше 3:5, но во вториот дел со нов два гола Балкан ја потврди победата.

Омер Саќипи беше двоен стрелец за Балкан, а Мурат Исени постигна еден гол, додека пак кај гостинот Ибрахим Алији беше стрелец на три гола, а по еден гол постигна Пајтим Реџепи, Енис Реџеп, Омер Ељези и Игор Барџовски.

Партизан Југ го доби дербито во Брвеница со СЕЕ Унирсити од Тетово со резултат од 6:5.

Радески, Симљановски, Ѓорѓевски, Веселиновски и Јовановски беа стрелци за Партизан, а пак Муртезани си постигна автогол, за гостинот погодија Мемеди, Азизи и Рамадани, а пак Шаќири беше двоен стрелец.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!