ФудбалФутсал

Форца е на врвот од табелата, Проект е втор, Кеги Моби е „закован“ на дното!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

По шест одиграни кола во Првата футсал лига екипата на Форца е на врвот од табелата со шест од шест и максимални 18 бодови на своето конто.

Шампионот засега оди според планот за одбрана на титулата, а од друга страна го има најефикасниот напад со постигнати 58 погодоци и од тој аспект Форца доминира и ги тресе мрежите на противниците.

Проект е втор со 16 бодови со што повратникот во елитата од Валандово има сериозни намери за освојување на титулата во домашното првенство. Со бод помалку или вкупно 15 е екипата на Шкупи која е на третото место на табелата, со тоа што Шкупо ја има најдобрата одбрана која примила најмалку погодоци.

Со двоцифрен број на освоени бодови е екипата на Осогово од Крива Паланка која има 13 бодови.

Железарец е на 5. место со девет бодови, Клими е шестти со пет бода, Јувентус Серава како седми има четири бодови, Црна Река сега е осма со три бодови, Бутел е претпоследен со два бодови, а на дното е Кеги Моби од Велес со еден бод.

Екипите на Бутел и Кеги Моби се во зоната за директно испаѓање во Втората футсал лига.

Бутел го има најслабиот напад во лигата кој успеал по шест кола да реализира само 11 погодоци, додека пак одбраната на Кеги Моби се распаѓа, откако истата приминал 49 погодоци што е најмногу примени погодоци.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ФОРЦА 2015 6 6 0 0 58 18 +40 18
2 КМФ ПРОЕКТ 6 5 1 0 26 11 +15 16
3 КМФ ШКУПИ 1927 ДОО 6 5 0 1 31 9 +22 15
4 КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка 6 4 1 1 34 22 +12 13
5 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 6 3 0 3 17 29 -12 9
6 КМФ КЛИМИ Кавадарци 6 1 2 3 23 25 -2 5
7 КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА 6 1 1 4 18 30 -12 4
8 ФК ЦРНА РЕКА/КМФ 6 1 0 5 22 34 -12 3
9 КМФ БУТЕЛ 2022 6 0 2 4 11 26 -15 2
10 КМФ КЕГИ-МОБИ Велес 6 0 1 5 13 49 -36 1

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбалЧетврта лига

Градоначалникот Божинов со поддршка за шампионот Огражден: По 50 години фудбалот во Ново Село повторно е на врвот

Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари средба со фудбалерите, стручниот штаб и управата на ФК Огражден, откако клубот ја освои шампионската...

Турнири

ФЛО – хуманитарен фудбалски турнир што преку спортот ќе помага на оние на кои им е најпотребно

Од 20 до 22 јуни, спортскиот терен „Михаил Чаков“ во скопската населба Кисела Вода ќе биде домаќин на хуманитарниот фудбалски турнир ФЛО, настан...

Поврзани написи
Трета лигаФудбалЧетврта лига

Градоначалникот Божинов со поддршка за шампионот Огражден: По 50 години фудбалот во Ново Село повторно е на врвот

Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари средба со фудбалерите, стручниот...

Прва лигаФудбал

Оливер Богатинов ќе го води Тиквеш: Двегодишен проект со јасна визија за развој и успех

Прволигашот Тиквеш официјално го промовираше Оливер Богатинов за нов шеф на стручниот...

ИнтернационалциФудбал

Зани Назифи од Шкендија Арачиново со трансфер во Косово

Младиот фудбалер Зани Назифи кариерата ќе ја продолжи во странство, односно во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!