Младински фудбалФудбал

Младинците на АП Брера сигурно чекорат кон шампионскиот трофеј

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младите фудбалери на АП Брера направија уште еден крупен чекор кон освојување на шампионската титула во Младинската Супер лига. Струмичани во дербито на сезоната како гости го совладаа директниот конкурент Работнички со 3:1.

АП Брера поведе до 21. минута со погодокот на Бојан Велков. Во 86-тата, Давид Димовски беше стрелец на израмнувачкиот гол за Работнички, а во самата завршница гостите успеаа на два пати да ја затресат мрежата на противникот.

Во 90. минута Ристе Милев и носи предност на АП Брера од 2:1, а во третата минута од судиското надополнување Иван Танчев го постави конечниот резултат.

Ова е втор триумф на АП Брера во мечевите со директните конкуренти за титулата откако пред неполни две недели на гостувањето во Скопје славеа над Вардар со 4:1.

Иако до крајот на првенството има уште 11 кола, АП Брера има седум бода повеќе од Работнички и десет бода предност во однос на Вардар кој утре му гостува на Пелистер.



Денеска се играа уште четири натпревари од 19-тата рунда.  Брегалница го совлада Тиквеш со 8:0,а мечот го одбележа Леон Момевски кој четири пати се запиша меѓу стрелците, Охрид Лихнидос го совлада Тетекс со 4:0. Шкупи триумфираше над Струга Трим Лум со 4:1 додека Шкендија во Тетово забележа победа од 3:0 во дуелот против Башкими.

Покрај натпреварот во Битола в недела се играат и мечевите Њу Старс – Скопје и Македонија – Арсими.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија  во Тетово. Иако гостиварскиот тим е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

Прва лигаФудбал

Кадри: Не се предаваме, продолжуваме да го даваме максимумот

Дуелот меѓу Тиквеш и Шкупи се очекува да ја потврди позитивната серија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!