Каршиака стигна до голема победа над лидерот Железарец, откако со 4:3 го „урна“ на домашен терен и со тоа ја „разгори“ битката за влез во Првата футсал лига.
Воведниот меч за отварање на 14. коло на Втората футсал лига понуди седум гола во Студеничани. Домаќинот одлично го отвори мечот со два брзи гола – Сеад Јакупи во 3. минута погоди за 1:0, а по една минута Фуркан Ќани ја дуплираше предност на 2:0 на полувреме.
Во вториот дел Енис Ибраими погоди за предност над Каршиака од три гола (3:0). Гостинот успеа да постигна гол во 29. минута преку Дарко Насевски и намали на 3:1, но по само две минути Џезаир Рамадани беше зголеми на 4:1.
Лидерот се обидуваше да се консолидира по ваквата негатива. Во 34. минута Петре Даиловски успеа да намали на 4:2, а во 39. минута Мирко Богески постигна гол за ублажување на поразот на конечни 4:3.