Во рамки на 13. коло од Третата лига – Исток, екипата на Дојранско Езеро в недела на домашен терен ќе се соочи со тимот на Малеш од Берово.
Станува збор за натпревар од долниот дел на табелата, во кој домаќинот се надева на силна поддршка од навивачите и спортската јавност во Дојран. Од клубот очекуваат што поголем број љубители на фудбалот на трибините, кои ќе бидат дополнителен мотив за фудбалерите во борбата за важни бодови.
Фудбалерите на Дојранско Езеро ќе се обидат да стигнат до првата сезонска победа на домашен терен, па токму поради тоа поддршката од трибините би можела да има големо значење во пресметката со гостите од Берово.
Натпреварот помеѓу Дојранско Езеро и Малеш ќе се одигра на Градскиот стадион во Дојран, со почеток од 15:00 часот.