ФудбалФутсал

Клими уште еднаш ја „тресна“ Форца и ја исфрли од Купот, Проект и Јувентус Серава лесно до полуфинале

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Вечерва беа одиграни три натпревари од четвртфиналето на футсал Купот на Македонија, со што се познати три патници кои ги потврдија билетите за место во „полуфиналето“.

Бранителот Форца во четвртфиналето ја заврши мисијата за одбрана на титулата со што ќе има нов освојување на Купот, откако тимот од Куманово уште еднаш загуби од Клими и со тоа ги заврши настапите во Купот на Македонија.

Пред неколку дена Клими славеше над Форца во шампионатот, а сега уште еднаш триумфираше тимот од Кавадарци над Форца, овој пат за прогрес во полуфиналето.

Натпреварот беше многу неизвесен и полн со предизвици. По четири минути игра Давид Крстески го отвори резултатот за водство на Клими од 1:0. За шест минути Форца дојде до водство од 1:2 со двата гола на Руфат Чалафи.

Сепак, во финишот на првиот дел Андреј Коцевски постигна гол за 2:2 пред заминувањето на пауза.

Во вториот дел Берат Рамадани во 26. минута погоди за 2:3 и ново водство на Форца, а по една минута Мартин Никовиќ погоди за 3:3.

Следуваше и пресврт за водство на Клими од 4:3, откако Артан Чилафи си постигна автогол. Во 35. минута од средбата Берат Рамадани со втор гол погоди за 4:4 и неверојатно стресен финиш.

На една минута пред крајот на мечот Виктор Аризанов постигна гол за конечни 5:4 и огромна радост за Клими. Актуелниот освојувач на Купот, Форца, останува без можноста за одбрана на Куп титулата.



Балкан без сили – Јувентус Серава лесно стигна до следна фаза, откако со 2:9 славеше голема победа за влез во полуфиналето.

Омер Османи запиша хет-трик за гостинот, двојни стрелци ба Фуркан Шабани и Армандо Алијевиќ, а пак со по еден гол се истакнаа Керим Мамуд и Шефки Бериша.

За домашниот тим во првиот дел погоди Џељал Мјаку, а во вториот дел стрелаше Ерол Далип.

Ланскиот финалист Осогово не го повтори минатогодишниот успех, откако вечерва во Крива Паланка загуби од Проект, кој важи за фаворит за двојната круна со резултат од 4:7.

За домаќинот хет-трик постигна Бојан Иванов, а еден гол беше дело на Кристијан Ивановски. За тимот од Јосифово хет-трик постигна голгетерот Марио Благојевски, по еден гол постигнаа Наум Блажевски, Бојан Јанев и Димитар Јанев, а пак автогол си постигна Кристијан Ристовски.

Утре се игра мечот меѓу Бутел и Кеги Моби, по што ќе се добие последниот патник за полуфиналето и ќе бидат познати сите екипи кои ќе се борат за место во големото финале.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!