Фудбал

Нов голем турнир во Македонија: Интернационал Мастерс Куп носи фудбалска елита во Дојран и Валандово

Сподели
Сподели

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде центар на детскиот фудбал, откако во Валандово и Дојран ќе се одржи првото издание на Интернационал Мастерс Куп 2026, нов меѓународен турнир кој има амбиција да стане еден од најелитните младински турнири на Балканот.

Турнирот ќе се одржува во периодот 22–24 мај 2026 година во Македонија, а на едно место ќе ги собере најдобрите млади фудбалски таленти од регионот и пошироко. Организаторите најавуваат силна конкуренција, врвна организација и вистински фудбалски спектакл исполнет со емоции, натпреварувачки дух и незаборавни моменти на теренот.

Елитата се собира на едно место

Со амбиција да создаде нова голема фудбалска приказна, Интернационал Мастерс Куп уште во своето прво издание привлекува звучни имиња од европскиот фудбал. Тоа е јасен показател за сериозноста на проектот, како и за одличната организација и менаџирање од страна на организаторите.

Првото големо име кое веќе го потврди своето учество е грчкиот фудбалски гигант Панатинаикос, клуб со богата традиција и еден од најпрепознатливите фудбалски институции во Грција. Академијата на Панатинаикос од Атина ќе настапи со своите млади таленти, носејќи дополнителен квалитет и престиж на турнирот. На турнирот доаѓа и големиот белгиски гигант Гент. Клуб со богата традиција, силен натпреварувачки дух и препознатлива академија за развој на млади таленти. Гент е симбол на дисциплина, квалитет и модерен европски фудбал, тој е еден од најреномираните клубови од Белгија.

Организаторите потврдија дека дел од турнирот ќе биде и турскиот фудбалски великан Фенербахче. еден од најголемите и најпрепознатливи спортски клубови во Турција и Европа, ќе настапи со својата младинска школа, што дополнително го подигнува нивото и реномето на турнирот.

Со оглед на најавите од организаторите, наскоро се очекува потврда и на уште неколку големи европски клубови, што дополнително ќе ја засили конкуренцијата.

Категории и формат на турнирот

На турнирот ќе се натпреваруваат младински екипи во неколку возрасни категории:

  • U12 – систем 7+1
  • U11 – систем 6+1
  • U10 – систем 6+1
  • U9 – систем 5+1
  • U8 – систем 4+1

Натпреварите ќе се играат на терени со природна и вештачка трева, а турнирот ќе се одвива по следниот формат:

Загарантирани 6 до 7 натпревари за секоја екипа

Групна фаза + нокаут фаза

Натпреварите ќе ги судат професионални судии

Посебен фокус на фер-плеј и развој на младите фудбалери



Пријавите се веќе отворени

Организаторите информираат дека регистрациите за турнирот се веќе отворени, а интересот од клубовите е голем. Поради ограничениот број на места, тимовите се повикуваат навреме да ја обезбедат својата пријава.

Контакт за пријавување:

Телефон / WhatsApp / Viber: +389 77 587 501

Email: internationalmasterscup@gmail.com



Спортска Мрежа – ексклузивен медиумски покровител

Спортскиот портал Спортска Мрежа ќе биде ексклузивен медиумски покровител на целиот турнир. Преку своите платформи, порталот ќе обезбеди детално информирање, репортажи, фотографии и видеа од натпреварите, со што љубителите на фудбалот ќе можат да ја следат атмосферата и случувањата од овој престижен младински турнир.

Со ваков почеток и со присуство на силни европски академии како Панатинаикос и Фенербахче, Интернационал Мастерс Куп има потенцијал уште од првото издание да стане традиционален турнир и еден од најзначајните младински фудбалски настани во регионот.

Мај во Валандово и Дојран ветува вистински празник на детскиот фудбал.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на новото 23. коло од шампионатот, ќе го пречека тимот на Шкупи....

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тиквеш го декласира Шкупи со шест гола, хет-трик на расположениот Лусианињо

Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и...

Прва лигаФудбал

Тиквеш размислува само на победа денеска

Екипата на Тиквеш од Кавадарци на домашен терен денеска во рамките на...

Прва лигаФудбал

Цуцули: Не очекува тежок натпревар против Шкендија, но мора да реагираме како тим

Екипата на Арсими  во рамки на 23. коло од Првата  Фудбалска лига...

Прва лигаФудбал

Ислами: За Шкендија секој меч до крајот е како финале

По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!