Од колото во коло се поблиску е непоразениот лидер Проект да стане нов шампион во Првата футсал лига на Македонија.
Вечерва во меч од 12. коло тимот од Јосифово на рутина го совлада дебитантот Балкан со 2:8 и се врати со нови три бодови на своето конто.
Повеќе фудбалери се запишаа во листата на стрелци за Проект. По двапати стрелаа Трајче Димитриев и искусниот Мартин Тодоровски, а пак по еден гол постигнаа Димитар Јанев, Давид Ристовски, потоа голгетерот Марио Благојевски Марио, Адријан Трајков, Ѓорги Коцевски Ѓорги, Наум Блажевски и Бојан Јанев.
За домашниот состав единствен стрелец беше Умерфарук Сулејман, а пак Кристијан Гавровски си постигна автогол.
Колото се затвара утре со мечот меѓу фаворитот Бутел и Осогово од Крива Паланка кој се бори за опстанок.