Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги започна мини подготовките во Скопје пред настапите во мартовскиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Европското првенство 2027. Селекторот Александар Ашаданов вечерва во салата „Градски парк“ го одработи првиот тренинг со видно подмладен состав.
Нашите најдобри кошаркарки имаат предвидени два тренинга во Скопје, по што веќе од понеделник ќе отпатуваат за Данска. Таму, во среда, Македонија ќе го одигра четвртиот натпревар од квалификациската група.
На првиот собир се појавија вкупно 11 кошаркарки. Поради клупски обврски недостасуваше само Мерит Хемпе, која ќе им се приклучи на соиграчките директно во Данска. Тренингот го одработија Александра Стојановска, Илина Селцова, Ања Начевска, Марија Николов, Вања Милосављевиќ, Михаела Алексовска, Елена Тасевска, Милица Николиќ, Теа Трајковска и Јана Пислевска.
Во составот е и Дора Алексова, која се пожали на проблеми со листот на ногата и првиот тренинг го следеше од клупата за резервни играчи.
По натпреварот со Данска, македонската селекција ја очекува и тежок распоред. На 14 март ќе гостува во Солун кај репрезентацијата на Грција, а три дена подоцна, на 17 март, Македонија на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Хрватска.
По досега одиграните четири натпревари во групата „Ф“ од квалификациите за Евробаскет 2027, Македонија има учинок од една победа и три порази.