Прва лигаФудбал

Влатко Илиоски ќе им суди на Брера и Струга, Александар Василевски на Шкупи и Башкими

Сподели
Сподели

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на утрешните два натпревари од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Колото се отвара со два натпревари кои се играат утре. Во првиот Шкупи ќе игра со Башкими, а овој меч „традиционално“ тимот од Чаир ќе го игра на теренот на противникот.

Правдата на овој меч ќе ја дели Александар Василевски, а негови помошници ќе бидат Бојан Ивановски и Зоран Саздовски, а четврт судија ќе биде Ндерим Тефику.

Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Вјолца Изеири, а оператор за повторување на снимката ќе биде Растко Ѓурќевиќ. Борче Мирчески ќе биде делегат, а контролор ќе биде Илир Сеља.

Во Струмица ќе се одигра натпреварот меѓу Брера Струмица и Струга Трим Лум, дуел на кој правдата ќе ја дели Влатко Илиоски, а ќе му помагаат Борис Трајков и Дино Конески. Четврт судија на мечот ќе биде Кирил Смоквоски.



Во ВАР собата ќе бидат Никола Костенчев и Мартин Дејаноски, а оператор за повторување на снимката ќе биде Виктор Васев. Делегат на мечот ќе биде Мерсим Зендели, а контролор Никола Караколев.

Во среда на програмата се два мечеви. Арсими на домашен терен ќе игра со Тиквеш, додека пак во четврток дербито на колото ќе го одиграат Вардар и Шкендија, а пак Пелистер ќе игра против Силекс.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!