Фудбал

ФФМ организира дводневен семинар за доктори и физиотерапевти

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалска федерација на Македонија организира стручен семинар на тема „Повреди и дијагнози во фудбалот и нивно менаџирање“, наменет за докторите и физиотерапевтите од клубовите во Првата и Втората МФЛ, Футсал Првата лига и ЖМФЛ, како и за медицинските тимови на националните селекции.

Семинарот ќе се одржи на 7 и 8 март 2026 година во хотел „Holiday Inn Skopje“ во Скопје, каде во текот на два дена ќе се обработуваат актуелни теми поврзани со спортската медицина во фудбалот.

На отворањето свое обраќање ќе има претседавачот на Комисијата за медицински прашања и анти-допинг при ФФМ, д-р Небојша Настов. Со стручни предавања и активно учество ќе настапат и д-р Александар Милески, доктор во А репрезентацијата, д-р Михајло Ивановски, доктор во А и репрезентацијата до 21 година, д-р Лабинот Бехтеши, д-р Мартин Христов, како и физиотерапевтите во А репрезентацијата, Бојан Цаневски и Срѓан Димитриевски.

Целта на семинарот е размена на професионални искуства, унапредување на медицинските протоколи и примена на современи методи во дијагностика, третман и рехабилитација на спортските повреди, како и зацврстување на соработката меѓу медицинските тимови на клупско и репрезентативно ниво.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!