Прва лигаФудбал

Николов, Велковски, Цветковиќ и Пулеио во дресот на Вардар

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со подготовките за продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, откако по завршувањето на подготовките во Анталија се вратија во тренинг центарот во Хиподром – Скопје.

На првиот тренинг по враќањето во Македонија се приклучија и последните засилувања договорени во зимскиот преоден рок. Нови членови на „црвено-црниот“ состав се Бобан Николов, Дарко Велковски и Стефан Цветковиќ, кои веќе се ставија на располагање на стручниот штаб.

Аргентинецот Лукас Пулеио беше дел од подготовките во Анталија, додека Торес Јоаким допрва треба да се вклучи во тренажниот процес, откако неодамна пристигна во базата на клубот и се очекува наскоро да конкурира и за настапи.

Во рамки на подготовките, Вардар во сабота, на 7 февруари, ќе одигра пријателски натпревар против ГФК Осогово. Средбата ќе се одигра на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, со почеток од 14 часот.


Продолжението на првенството за вардарци следува во среда, на 11 февруари, кога од 13 часот, на фудбалскиот терен „Петар Милошевски“ во Скопје, ќе се соочат со екипата на Арсими во рамките на 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!