Втора лигаФудбал

Осогово чека триумф над Победа четири години, овој пат нема право на грешка ако сака сигурен опстанок!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В недела ќе се одиграат натпреварите од 12. коло во Втората лига, а потоа ќе следува репрезентативна пауза, која ќе биде добредејдена за некои екипи со цел да може во последните три натпревари да дојдат до некои позитивни резултати, како што е случајот со Осогово.

Изминатиот период постојано анализиравме за Осогово и постојатно во секоја анализа пишувавме дека Осогово ќе биде една од екипите која ќе води жилава борба за опстанок во Втората лига. Таа борба од коло во коло станува се потешка.

„Жетварите“ имаат пет бодови негатива во донос на 13-тото место кое гарантира сигурен опстанок во Втората лига. Минатата сезона Осогово во последното коло се избори за опстанок, но сезонава борбата за опстанок ќе биде многу тешка.

Веќе в недела Осогово на домашен терен ќе се соочи со прилепска Победа, во дуел каде Осогово ќе го бара дури вториот сезонски триумф, желбата кај фудбалерите да ги израдуваат навивачите и Кочани е голема, императивот за трите бодови се големи. До крајот Осогово ќе оди на секој натпревар по три бодови со цел да може во пролетниот дел да дојде полесно до опстанок.

Прва цел ќе биде веќе Победа, стратегот на „жетварите“ Горанчо Горгиев ќе мора да бара рецепт за триумф, да најде тактика како да дојде до триумф над прилепчани.

Домашниот терен и домашната публика се предност, но формата е на страната на Победа, па тоа ќе ветува повеќе од јасно неизвесен меч во Кочани.

Во однос на меѓусебните дуели двете екипи од 2011 година наваму се соочиле 15 пати, од кои два натпревари биле пријателски, еден во Купот на Македонија, а останатите 12 во рамки на Втората лига.

Победа девет пати била подобра во однос на Осогово, кој пак четири пати бил подобар, а два натпревари завршиле без победник.

Последното соочување меѓу овие две екипи беше во Кочани на 5. март 2024 година, натпревар кој заврши без погодоци и без голови (0:0), додека пак Осогово последно над Победа славеше на 5. декември 2020 година со 2:0. Тоа значи дека Осогово триумф над Победа чека четири години.

Со триумф Осогово нема да има можност за прогрес ќе остане и натаму во бараж зоната, но во таков случај ќе има осум бодови на своето конто и значително ќе се доближи до зоната за директен опстанок.

Победа влезе во серија позитивни резултати и од долниот дел на табелата дојде до средината, сега е на 10. место со 13 бодови на своето конто и во Кочани сака нов триумф или пак реми.

Со триумф Прилепчани ќе се пробијат и до седмото место на табелата, но ќе причекаат на резултатите од останатите екипи односно на Саса, Детонти Плачковица и Беласица, но во секој случај со нови три бодови Победа оди чекор напредок кон целта – сигурен и директен опстанок.

Дуелот во Кочани меѓу Осогово и Победа за игра без право на грешка и за двете екипи, дуел за три бодови кој ќе понуди неизвесен и интересен меч.

Дали Осогово ќе може против традицијата? А, а ако и се верува на истата тогаш во Кочани тогаш треба да очекуваме најмлаку два погодоци, а Осогово игра и за излез од резултатската криза бидејќи на последните пет натпревари има пет порази.

Мечот стартува во 13 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А, а тимот од Бергамо ја запиша првата гостинска победа во првенството...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Петровски: Мојата прва цел е да создадеме позитивна атмосфера и тим во кој секоја кошаркарка ќе знае дека има своја улога и одговорност

Виктор Петровски е новиот селектор на женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, откако ја доби довербата од раководството на Кошаркарската федерација. Новиот предводник...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!