Ракомет

Од Вардар во ракометната Тврдина: Први впечатоци на Борозан- ,,Охрид има одлични ракометари и големи цели!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид доби звучно засилување во пресрет на вториот дел од сезоната. Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан е официјално нов играч на охридскиот клуб и ќе го носи сино-белиот дрес најмалку до крајот на актуелната сезона.

Искусниот лев бек (203 см, 31 година) во Охрид пристигнува од редовите на РК Вардар 1961, а зад себе има богата интернационална кариера со настапи за Веспрем, Загреб, Ловќен и Металург. Повеќе од една деценија е стандарден член и еден од лидерите на црногорската репрезентација.

ФОТО: ГРК Охрид

Борозан истакна дека амбициите на клубот, квалитетот на ростерот и разговорите со тренерот Борис Ројевиќ и клупската управа биле клучни во неговата одлука да ја продолжи кариерата во Охрид, нагласувајќи дека тимот ќе атакува на сите трофеи во продолжението од сезоната.

,,Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на Клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид. Пред нас следуваат многу натпревари, а нашиот тим ќе атакува на сите три трофеи! Ги поздравувам охридските навивачи, групата “Рибари” да нè бодрат во што поголем број за да стигнеме до целите на клубот.”- изјави Борозан.

Со ангажманот на Вуко Борозан, ГРК Охрид јасно испраќа порака дека сериозно ги напаѓа сите предизвици во продолжението од сезоната, засилувајќи ја конкуренцијата и квалитетот во ростерот пред клучните натпревари во домашните и европските натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!