Останато

Катерина Ацевска и Кристијан Бузлаковски спортисти на годината за 2025 во Кисела Вода

Сподели
ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook
Сподели

Синоќа во Општина Кисела Вода, за првпат се одржа манифестацијата „Спортист на годината“, посветена на најдобрите спортисти кои со своите резултати ја промовираат општината и ја градат нејзината спортска иднина.

Признанието за најдобар спортист во машка конкуренција го доби мотоциклистот Кристијан Бузалковски, третопласиран во генералниот пласман на европскиот шампионат ФИМ Европа, додека во женска конкуренција приматот ѝ припадна на Катерина Ацевска, освојувачка на бронзен медал на светското првенство во џиу-џица во Банкок.

Во категоријата спортист на годината – лица со попреченост, победник е пингпонгарката Олга Ристовска. За најдобра женска сениорска екипа е прогласен ЖОК Јанта Волеј, а за најдобра машка сениорска екипа- КК Ангели.

ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook

Постхумното признание за придонес во спортот му беше доделено на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, додека параолимпиецот Ванчо Каранфилов го понесе признанието „Спортска легенда“.

ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook

Во останатите номинации наградени се: Јаков Трајковски – најдобар млад спортист, Ива Богдановска – најдобра млада спортистка, ЖОК Јанта Волеј, ЖКК Бадел и ФК Кул Здравје -најдобри екипи во млади категории, Никола Јаневиќ – најдобар тренер, Игор Зафировски – најдобар наставник по физичка култура.


Горан Јаневиќ – најдобар спортски работник, како и Меланија Гроздановска, која го освои признанието подвиг на годината за остварени три пласмани на државните првенства.

ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook

На настанот присуствуваше и Министерот за спорт Борко Ристовски, како и многу други гости и спортски поддржувачи.

“Оваа манифестација не е само формален чин на доделување награди, туку и искрено признание за вложениот труд и јасна валоризација на постигнатите резултати. За наградените, ова е заслужена лична сатисфакција, а за сите млади од Кисела Вода порака дека успехот е достижен и дека нивната општина стои зад нив. Како градоначалник, но и како поддржувач на спортските вредности, искрено верувам дека спортот е една од најсилните алатки за градење здраво, активно и поврзано општество. Тој го гради карактерот, учи на фер-плеј, на одговорност и тимска работа, а воедно, преку остварените успеси, ја промовира Кисела Вода далеку надвор од нејзините граници. Големо задоволство е присуството на министерот за спорт Борко Ристовски, со кого преку заеднички проекти и усогласени активности создаваме подобри услови за тренинг, натпреварување и развој на младите. Им благодарам и на сите останати присутни гости кои со своето присуство ја збогатија вечерта и дадоа силна поддршка на нашите спортисти”, истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека Општина Кисела Вода континуирано вложува во спортот преку материјална поддршка за училишни спортски клубови и здруженија, организација на Купот “Св. Ѓорѓи”, парични награди за талентирани ученици-спортисти, проектот “Спортуваме – Другаруваме” за ученици со посебни потреби, Шаховска лига, основање на Спортска академија, како и обнова и изградба на спортска инфраструктура и унапредување на спортот во училиштата.

ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook

Истакна дека нејзина цел, како градоначалник, е секое дете да има пристап до спорт, секој млад човек можност за развој, а секој клуб соодветни услови за работа.

ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook

Настанот кој се одвиваше во Домот на култура “Билјана Беличанец”, беше збогатен со музички точки од хорот при ООУ “Кузман Јосифовски Питу”, виолончелистката Теа Тодоровска и виолинистката Бисера Кировска од средното музичко училиште “Илија Николовски Луј”, a во улога на модератори се појавија Ема Стоилковска и Максим Коцев од драмската секција од среднотo економско училиште “Васил Антевски Дрен”.

ФОТО: Бети Стаменкоска Трајкоска | facebook


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!