Ракомет

ФОТО: Прволигашот Младост го доби тестот со суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 во Богданци

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Непоразениот есенски шампион во Првата ракометна лига, екипата на Младост денес одигра нов пријателски натпревар во рамки на зимските подготовки против суперлигашот Еурофамр Пелистер 2 во Богданци, а кој заврши со 33:30 за тимот на Горан Андоновски.

Во првиот дел Младост имаше предност од 17:14, а во текот на целиот меч имаше постојана резултатска предност.

Амбициозниот Младост без пораз го заврши есенскиот дел и во пролетниот дел ќе цели кон потврда на првата позиција и да се врати во ракометната елита на Македонија. Претходно, Младост го доби суперлигашот Тиквеш во Кавадарци, со што уште еднаш се потврдува квалитетот на овој тим кој е прв фаворит за враќање во Суперлигата, а како најсериозен конкурент е само Мулти Есенс.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

Тимот од Богданци се засили со средниот бек Марио Миланов, кој ќе биде единствено засилување оваа зима во тимот од Богданци, со оглед на тоа што ростерот е сочуван, освен заминувањето на Антонио Николоски во БиХ.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

Младите „пелистерци“ во последните четири кола од регуларниот дел на Суперлигата ќе се обидат да фатат место во плеј-офот.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната беше отворена ефикасно со дури шест погодоци. Пчиња победнички тргна откако...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!