Ракомет

Еве како изгледаат четвртфиналните групи во женскиот ракометен Куп на Македонија

Сподели
Сподели

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се оддржа извлекувањето на паровите од женскиот Куп на Македонија.

Формирани се четири групи, од кои три групи имаат по четири екипи, а една група е со три екипи. Според извлекувањето во групата А екипата на Спартак ќе игра со Шампион, а пак Металург Автокоманда против Стружанка.

Во групата Б Астибо оди на соочување со Куманово, Чаир против Ѓорче Петров 2.

Во групата В екипата на Скопје како голем фаворит ќе игра против тимот на Гевгелија, додека бранителот на Куп титулата Ѓорче Петров ќе игра против Деспина.

Во групата Г ќе бидат три екипи, а Пелистер како голем фаворит ќе игра против Овче Поле, а Вардар е слободен и ќе го чека победникот.

Според системот за натпреварување, победниците од двата натпревари во секоја група ќе се соочат меѓусебно и победникот на групата патува во полуфиналето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски се врати во Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!