Прва лигаФудбал

Арсими го засили нападот со искусниот Ремзифаик Селмани

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Фудбалскиот клуб Арсими официјално го промовираше своето најново засилување во офанзивниот ред пред продолжението на сезоната. Нов член на „жолто-црните“ е искусниот напаѓач Ремзифаик Селмани, фудбалер со богато искуство и значајни успеси и на домашната и на меѓународната сцена.

Селмани во Арсими пристигнува од редовите на косовскиот Феризај, а зад себе има импресивна кариера во повеќе земји. Кариерата ја започна во Ренова, по што направи трансфер во унгарскиот Ујпешт. Подоцна беше дел од неколку реномирани клубови, меѓу кои Шкендија, Гостивар, Брегалница и Беса од Добри Дол, а настапуваше и за унгарскиот Мезекевешд.

Надвор од Македонија, Селмани го носеше дресот и на Партизан од Албанија, како и на Ллапи од Косово, со што дополнително го збогати своето интернационално искуство. Во својата кариера има и значајни трофеи, откако беше шампион со Шкендија и со Партизан, што го вбројува меѓу најзвучните имиња кои во последниот период потпишале за Арсими.

Со клубот од Чегране, Ремзифаик Селмани потпиша договор на една и пол година, а од таборот на Арсими изразија големо задоволство од неговиот ангажман, очекувајќи да донесе квалитет, искуство и ефикасност во нападот.

Клубот му посака добро здравје и многу успех во дресот на Арсими, со надеж дека Селмани ќе биде еден од клучните фактори во остварувањето на целите во продолжението од сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Прва лигаФудбал

Деветтото коло на ПМФЛ во три дена: Тиквеш – Брегалница во 12 часот, Башкими и Струга го затвораат колото

Деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига се отвара во сабота во...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!