Втора лигаФудбал

ГФК Охрид демантира: Се оградуваме од сите невистини и јавниот линч кој што се случува во текот на денешниот ден

Сподели
Сподели

Второлигашот ГФК Охрид денес со соопштение се огласи околу последните шпекулации кои кружат во јавноста околу наводни „местења“ на пријателскиот натпревар со прволигашот Работнички, а кој заврши со резултат од 8:2 за тимот од Дебар Маало.

„Рибарите“ со соопштение до јавноста демантираат околу случувањата со тој меч.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС:

„Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос се оградува од сите невистини и јавниот линч кој што се случува во текот на денешниот ден. ГФК Охрид е амбициозен клуб и проект со највисоки цели а ние како клуб сме на пат да го оствариме тоа за што сведочат и досега остварените резултати со кои се наоѓаме на првото место во втората фудбалска лига. Професионална должност на сите медиуми е да ги проверат информациите пред истите да ги објават.
Во оваа прилика, би сакале да потенцираме дека во текот на целата сезона, ГФК Охрид беше цел на разни судиски неправди во голем дел од натпреварите а ние како клуб ниту еднаш не реагиравме и само сведочевме на нивната граница која што одамна беше надмината.

Ги повикуваме сите надлежни институции јавно да ги објават доказите за наводно примени пријави за сомнителни уплати и активности во текот на натпреварот со Работнички, во спротивно ќе сметаме дека ова е оркестриран напад од некој на кој што му пречи успехот на ГФК Охрид и ние како клуб сериозно ја разгледуваме можноста да превземеме соодветни правни механизми против сите инволвирани во оваа конструкција против нашиот клуб.

Всушност и во претходните денови, целокупната фудбалска јавност сведочеше на високи порази во контролните натпревари од страна на други екипи а никогаш не се постави прашањето околу некакви сомнителни активности.
ГФК ОХРИД секогаш се залага за фер и спортско однесување и никогаш не бил ниту ќе биде дел од некакви “задкулисни игри”.

ГФК Охрид им стои на располагање на Фудбалската Федерација на Македонија и на сите надлежни институции со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба“, се вели во соопштението на охридскиот второлигаш.

Има најави дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе го истражува натпреварот, кој се одигра вчера во Скопје.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!