Европско првенство 2026РакометРакометна репрезентацијаРепрезентација

(ФОТО) ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија засилена со искуството на Митревски и Пешевски за дуелот со Португалија

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската ракометна репрезентација со изменет состав ќе истрча на теренот против Португалија во второто коло од групната фаза на Европското првенство. Селекторот Кирил Лазаров направи две значајни корекции во ростерот, со што јасно најави поинаков пристап во однос на стартниот натпревар со Данска.

По пауза во првото коло, повторно во комбинација се најдоа искусните Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои поради помали здравствени проблеми не настапија против Данска. Нивното враќање треба да донесе дополнителна стабилност, како во одбраната, така и во организацијата на играта.

Од друга страна, надвор од тимот за дуелот со Португалија останаа голманот Иван Галевски, пивотот Самоил Ристевски и левиот бек Дамјан Митев, кои нема да бидат во комбинација за овој натпревар.

  • СОСТАВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА:

Средбата меѓу Македонија и Португалија се игра вечерва од 18:00 часот во арената „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, а за нашата селекција претставува клучен момент во борбата за продолжување на настапот на шампионатот.

По поразот од Данска на отворањето, Македонија ќе се обиде да одигра значително поконкурентен натпревар против Португалија, која во првото коло остави позитивен впечаток и го започна турнирот со победа над Романија.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!