Европско првенство 2026Ракомет

Гонзалес: Фокусот е на Австрија, ќе биде навистина тешко

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Србија забележа голема победа над Германија со 30:27, триумф кој многу веројатно може да ја однесе српската репрезентација во следната фаза на Европското првенство 2026.

По натпреварот, селекторот на Србија, Раул Гонзалес, го изнесе своето видување за дуелот со Германија, но и за она што ја очекува неговата селекција во последниот натпревар од групната фаза против Австрија.

„На почетокот не тргнавме добро, погрешивме многу пати, тогаш бевме нервозни. Во вториот дел против Германија одигравме многу подобро, одбраната беше подобра, како и нападот. Сега имаме два бода, но треба да се фокусираме на следниот натпревар против Австрија. Сите мислат дека треба победа, но не е така, треба да играме до крај, да го дадеме најдоброто од нас и да стигнеме до триумф. Јас сум многу задоволен како одигравме против Германија, нема многу време за одмор, фокусот е на Австрија, тоа е репрезентација која исто така има добро играчи кои играат во германската лига, играат на ниво и ќе биде навистина тешко“, додава селекторот на Србија, Раул Гонзалес.

Во последното коло од групната фаза Србија ќе се соочи со Австрија, додека Германија ќе игра против фаворитот Шпанија. Што се однесува до комбинациите, Србија со било каква победа ќе обезбеди пласман во следната фаза, додека Германија ќе мора да слави со најмалку три гола разлика против Шпанија за да обезбеди место меѓу дванаесетте најдобри, задача која ќе биде исклучително тешка.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!