Втора лигаФудбал

Беласица закажа пет пријателски натпревари – два ќе бидат меѓународни!

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Второлигашот Беласица од Струмица преку пет пријателски натпревари ќе ја проверува формата за пролетниот дел од сезоната.

Првиот пријателски натпревар струмичани го играат на 24 јануари против Кожуф, а пак на 31 јануари струмичката фудбалска гордост ќе се тестира со Осогово.

На 3 февруари ќе следува пријателски натпревар со Детонит Плачковица, а потоа Беласица ќе одигра два меѓународни пријателски натпревари. На 7 февруари Беласица ќе игра против бугарскиот тим Беласица Петрич, а пак на 14 февруари против Септември Симитли.

Струмичани под водство на шефот на стручниот штаб Панче Стојанов ги започнаа подготовките за пролетните предизвици, а како што најави клубот амбициите остануваат исти – влез во Прва лига.

Пролетниот дел Беласица го отвара на домашен терен против Охрид, во дерби на колото.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!