Втора лигаФудбал

Второлигашот Преспа на 21 јануари ги започнува подготовки – ќе има неколку засилувања!

Сподели
ФОТО: ФК Преспа
Сподели

Второлигашот Преспа од Ресен на 21 јануари (среда) ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде тимот кој е повратник во Втората лига ќе се соочи со тешка пролет во трката да фати место во баражот за опстанок.

Тимот кој презимува на 14-то место со девет бодови го очекува тешка пролетна полусезона со реални шанси да се фати место за бараж за опстанок.

Преспа и во пролетниот дел ќе ја води Неџат Хусеин како шеф на стручниот штаб, а ростерот останува ист од есенскиот дел, а управата истакнува дека веќе се работи на ангажирање на неколку засилувања како и приклучување на неколку играчи од младинската школа во првиот тим.

Исто така, како што веќе информираше Спортска Мрежа пред Нова година беше одржано редовното годишно собрание на кое беше одлучено Зоран Милевски да биде претседател на клубот уште шест месеци односно до завршување на сезоната во Втората лига.

Пролетниот дел Преспа ќе го отвори против Шкендија Арачиново во гости.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!