Прва лигаФудбал

Адриан Зенделовски е ново засилување на Струга Трим Лум

Сподели
ФОТО: Струга Трим Лум
Сподели

Струга Трим Лум го официјализираше ангажманот на новото засилување во средниот ред, откако во своите редови го донесе младиот Адриан Зенделовски. Дваесетгодишниот фудбалер пристигнува од шведскиот Олимпик, каде во текот на сезоната забележа 21 настап и постигна пет погодоци, оставајќи солиден впечаток со своите настапи.

Зенделовски важи за динамичен играч од средината на теренот, кој може да придонесе и во офанзивата, а во таборот на стружани се очекува да биде значајно освежување за ростерот на тренерот Бледи Шкемби во продолжението од сезоната.

Струга Трим Лум есенскиот дел од првенството го заврши на втората позиција на табелата, со само еден бод заостанување зад лидерот Вардар, а со ваквите засилувања јасно ги најавува своите амбиции за борба за самиот врв.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!