Ракомет

Јована Кипријановска промовирана во Полска – нов предизвик во дресот на Рух Калиш

Сподели
ФОТО: Tauron Ruch Szczypiorno Kalisz
Сподели

Македонската ракометна репрезентативка Јована Кипријановска ќе ја продолжи кариерата во Полска и во вториот дел од сезоната ќе настапува за екипата на Рух Калиш, клуб кој се натпреварува во полската Суперлига.

Бекот стави потпис на договор со амбициозниот полски состав, со што започнува ново поглавје во својата интернационална кариера. По официјализацијата на трансферот, Кипријановска не го криеше задоволството од новиот предизвик и средината во која ќе настапува.

„Многу сум среќна што ќе бидам дел од проектот на Калиш. Од првиот ден во клубот чувствувам голема поддршка и позитивна енергија од клубот и тимот. Верувам дека имаме голем потенцијал и заедно може да победиме на многу натпревари. Калиш е место каде што сакам дополнително да се развувам, да ги искористам шансите кои ќе ги добијам и да се обидам да му помогнам на тимот да ги оствариме нашите цели“, изјави Кипријановска.

Пред трансферот во Полска, македонската репрезентативка настапуваше за Сомбатељ од Унгарија, а претходно беше дел и од францускиот клуб Самбр Авенуа. Ракометната кариера ја започна во Куманово, каде ги направи првите чекори на сениорско ниво.

Со ангажманот во Рух Калиш, Кипријановска ќе има можност за континуитет, ново докажување и дополнителен развој во една од поквалитетните европски ракометни лиги, во пресрет на новите репрезентативни обврски.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!