Младински фудбалФудбал

Бранимир Иванов е најдобар стрелец во Младинската Супер лига!

Сподели
Сподели

По седум одиграни кола во Младинската Супер лига фудбалерот на штипска Брегалница, Бранимир Иванов има постигнато девет погодоци.

18-годишникот има одлична сезона и на седум натпревари има постигнато девет погодоци во Младинската Супер лига.


На второто место на најдобри стрелци одново фудбалер на Брегалница, Лука Николов, кој има постигнато шест погодоци. Омар Беровиќ од Работнички и Муадх Куртиши од Шкупи имаат постигнато по пет погодоци, а пак Аљман Етеми од Шкупи, Веби Ислами од Шкендија и Ѓоко Спасков од Брера Струмица имаат постигнато по четири погодоци.

По три погодоци имаат постигнато следниве играчи:

Салим Арифи (Победа)
Хабиб Бектеши (Работнички)
Бојан Затуроски (Охрид)
Давор Лефковски (Вардар)
Лука Макалоски (Македонија ЃП)
Ненад Малинов (Брегалница)
Аиден Лавренце Ристевски (Вардар)


Во листата на стрелци 19 фудбалери се имаат запишано со по два погодоци, а пак 47 фудбалери постигнати по еден гол.

Тројца фудбалери си постигнале автоголови, односно Назфи Ахмедов и Леонардо Пенев од Беласица и Никола Божиновски од Победа.

Во однос на табелата Работнички е лидер со 15 бодови, но со натпревар помалку (со Брера одложен) Пелистер е втор со 15 бодови, а пак Брегалница е трета со 14 бодови.

  • ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД МЛАДИНСКАТА СУПЕРЛИГА:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!