Трета лигаФудбал

Се зголемува бројот на третолигаши кои се откажаа од натпреварување!

Сподели
Сподели

Оваа сезона бројот на третолигаши кои се откажуваат од натпреварување продолжува да се зголемува. Од пет региони ги има Трета лига, само на Северот нема екипи кои се откажани, во сите останати региони има екипи кои се откажале, дали пред почеток на сезона или во текот на самата сезона.

Во Трета лига – Југ екипата на Слога од Лажани воопшто и не започна со натпреварување, иако екипата беше во ждребот сепак се откажа и тоа предизвика во секое коло да има по една слободна екипа, односно да се натпреваруваат 13 екипи.

Во Трета лига – Исток тимот на Вардарски не пријави учество по испаѓањето од Втора лига минатата сезона, сезоната наместо со 12 екипи, започна со една екипа помалку и во секое коло имаше по една слободна екипа.

Но, како што вчера ексклузивно објави Спортска Мрежа се откажа и Светлост од Зрновци од понатамошно натпреварување, а тоа значи дека во Трета лига – Исток ќе продолжат со натпреварување десет екипи и во секое коло ќе има по две слободни екипи.

Во Трета лига – Запад од натпреварување се откажа екипата на Зајази по пет кола, а резултатите беа поништени и се смета исто како овој тим да не ја започнал сезоната. Во Трета лига – Запад продолжија со натпреварување 11 екипи, а во секое коло има по една слободна екипа.


Во Трета лига – Југозапад со натпреварување започнаа десет екипи, а во пролетниот дел ќе продолжи со девет екипи, откако екипата на Велешта Унитед е дисквалификувана од понатамошно натпреварување поради два неоправдано неодиграни натпревари.

„Екипата на ФК Велешта Унитед од с. Велешта се дисквалификува од системот на понатамошно натпреварување поради неоправдан настап на 2 (два ) првенствени натпревари. Дисквалификуваната екипа во наредната натпреварувачка година се враќа во најнизок степен на натпреварување“, се вели во одлуката.

Тоа значи дека Велешта Унитед ќе се пресели во Општинската фудбалска лига ако продолжи со натпреварување во следната сезона.

Единствено само во Трета лига – Север нема екипи кои се откажа од натпреварување, односно овој регион започна со 14 екипи и продолжува со 14 екипи, а пред неколку сезони овој регион броеше дури 16 екипи.

Тоа значи дека во пролетниот дел со натпреварување нема да продолжат Велешта Унитед во Трета лига – Југозапад, Светлост во Трета лига – Исток, Зајаз во Трета лига – Запад, како и Слога во Трета лига – Југ која воопшто и не го започна натпреварувањето.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!