Кошарка

Митровски најдобар, Ников најперспективен – признанија за кошаркарските судии во Скопје

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

На заедничкиот, традиционален собир организиран од Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје, беа прогласени најдобрите поединци во судиската организација за календарската 2025 година.

Главното признание – наградата за најдобар судија на град Скопје за 2025 година – заслужено му припадна на Зоран Митровски, кој со својата конзистентност, професионалност и авторитет на теренот се издвои во изминатата година.

Својата прва индивидуална награда во судиската кариера ја доби Иван Ников, кој беше прогласен за најперспективен судија, признание што претставува потврда за неговиот напредок и потенцијал во судиската фела.

Посебен момент на настанот беше доделувањето на плакетата за животно дело на Марјан Тодоровски, човек кој повеќе од четири децении е нераскинливо поврзан со кошарката. Од 1977 година па сè до денес, Тодоровски остави длабока трага, најпрво како кошаркарски судија, а потоа и како делегат, со огромен придонес во развојот и унапредувањето на судиската организација.

Со пригодна благодарница, Судиската организација на град Скопје му оддаде признание и на Влатко Цветаноски, за неговите посебни заслуги и континуирана поддршка во развојот на кошаркарското судење.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!