РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гоце Седлоски официјално промовиран како нов селектор – Догогор од две плус две години, ќе го води Вардар до јуни

Сподели
Сподели

Денес официјално беше промовиран новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, кој доаѓа како наследник на Благоја Милевски.

Седлоски ќе седне на жешкото тренерско столче, бидејќи следуваат бараж мечевите за пласман на СП 2026, каде во Копенхаген ќе играме со Данска, а ако го добиеме овој меч ќе играме со подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.

Седлоски зад себе има 100 настапи за националниот дрес, а беше в.д. селектор на Македонија на мечот со Литванија кој нашиот национален состав го доби со 1:0 во Скопје.

Договорот на Седлоски е од две години, со опција истиот да се продолжи на две години, а притоа тој ќе го води Вардар до јуни месец.

„ФФМ максимално застанува зад Гоце Седлоски и стручниот штаб во целост. Договорот со селекторот е на две години, со можност за продолжување на уште две. Во периодот до јуни, Седлоски ќе работи про-боно, бидејќи во тој временски рок имаме само еден репрезентативен прозорец – бараж дуелите, а потоа немаме други официјални обврски. Токму поради тоа, а и од причина што не сакаме да нанесеме штета на ниту еден клуб, како што беше случајот претходно со Горан Станиќ и Работнички, по барање на Седлоски тој ќе продолжи паралелно да го води и Вардар. Сметаме дека би било некоректно и кон клубот и кон тренерот доколку тоа не го дозволиме. Свесни сме дека оваа одлука може да наиде на критики и шпекулации, но тоа е нормално во фудбалот и ние сме навикнати на такви реакции. За мене како претседател најважно е што сме убедени дека Гоце Седлоски е најдоброто решение за македонската фудбалска репрезентација, а времето ќе покаже дали тоа е вистински избор. По завршувањето на баражот, ќе седнеме повторно, ќе разговараме и ќе ги дефинираме целите, особено имајќи предвид дека од септември започнува новиот формат на Лигата на нации, каде што за 15 дена ќе одиграме четири натпревари. Во моментов договорот е јасен – две плус две години, со про-боно ангажман до крајот на јуни, и целосна поддршка од ФФМ“, рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Новиот селектор рече дека му е голема чест, но и најголема одговорност во неговата кариера.

„Пред сè сакам да ѝ се заблагодарам на ФФМ за укажаната доверба да бидам селектор на националниот тим на Македонија. За мене ова е голема чест, но и најголема одговорност во мојата кариера. Свесен сум за очекувањата и за потенцијалот што го поседува оваа репрезентација. Моја цел ќе биде да изградиме јасен систем, дисциплина и селекција која ќе се бори за секоја топка и секогаш ќе го дава максимумот. Свесни сме дека во одредени натпревари нема да влегуваме како фаворити, но тоа не може и нема да ни го одземе правото да се бориме. Од секој фудбалер ќе барам максимален ангажман, храброст и желба, а тим кој ќе стои цврсто до последната минута и нема да се откажува. Верувам во квалитетот на фудбалерите и во нивната желба гордо да го носат македонскиот дрес и достојно да ја претставуваат Македонија. Убеден сум дека ФФМ ќе ни обезбеди најдобри услови за работа, а со поддршка од стручниот штаб и сите околу репрезентацијата – Пандев, Новески, Ибраими, Најдоски – ќе направиме позитивни и значајни чекори и ќе работиме на успехот и напредокот на нашиот национален состав“, изјави Седлоски.

Како што веќе објави Спортска Мрежа прв асистент на Седлоски ќе биде актуелниот шеф на стручниот штаб на Тиквеш, Борче Христов, а пак втор асистент ќе биде селекторот на младата репрезентација до 19 години, Ерхан Селими.

Тренер на голманите ќе биде Гого Јовчев.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!