ФудбалФутсал

Фудбал Старс Аутовелт со „брзо возење“ го декласираше Овче Поле!

Сподели
ФОТО: КМФ Фудбал Старс - Аутовелт
Сподели

Дебитантот Фудбал Старс Аутовелт со висок триумф од 4:1 над Овче Поле ја затвори есенската полусезона во Втората футсал лига. Тимот од Кочани вечерва со „брза“ победа го реши екс прволигашот со што трите бодови останаа дома.

Драган Трајчов по само три минути го отвори резултатот за водство на домаќинот, а Христијан Крстов веќе во 10. минута обезбеди двојна предност.

Во вториот дел продолжи да се треси мрежата на гостинот од Свети Николе, откако Ѓорги Зашев постигна гол во 32. минута за три гола предност, а по четири минути Трајчов со втор гол се погрижи за убедливи 4:0.

Во 38. минута од средбата која се играше во Кочани гостинот преку Роберт Андонов го ублажи поразот на конечни 4:1.


Фудбалс Старс Аутовелт со пет победи и три порази собра 15 бодови и ќе презими како четврти на табелата, а пак Овче Поле вечерва го доживеа четвртиот сезонски пораз, а има две победи и две ремија и со осум бодови ќе биде деветти за време на зимската пауза.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!