Ракомет

ФОТО: Охрид на рутина го доби мечот со Радовиш и победнички ја затвори успешната 2025 година!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Охрид како на тренинг натпревар рутински славеше над „фенерџијата“ Радовиш со убедливи 14:37 (7:15) и со тоа победнички ја затвори успешната 2025 година.

„Гладијаторите“ воопшто и не се испотија, а тимот го водеше помошникот Наум Бабачев, во отсуство на српскиот стратег Борис Ројевиќ кој остана во Охрид.

Во комбиниран тим без многу сила и напор Охрид победнички се враќа дома, а Радовиш ќе презими на дното од табелата со многу прашалници како да се продолжи во пролетниот дел односно во 2026 година бидејќи клубот е под многу предизвици за што подетално ќе информираме во следните денови околу целата ситуација со Радовиш.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во однос на самиот меч Бабачев се одлучи на тројцата голмани да им даде шанса на мечот, откако поделија по дваесетина минути. Започна Кристина Полиповиќ, потоа на голот застана Даниел Ѓорѓески, а заврши Бојан Блажески. Радовиш во вториот дел им даде шанса на младите Стефан Велков, Александар Ристов и Стефан Трајанов.


Прво име кај Радовиш беше Филип Трајанов со четири погодоци, додека пак кај Охрид прв стрелец беше Дејан Кукуловски со седум гола, шест имаше Николаос Лиапис, а пак по пет гола имаа Никола Шипинкоски, Никола Ристески и Иван Тасески.

ФОТО: Спортска Мрежа

Охрид ќе презими како трет со 29 бодови, а пролетниот дел го отвара на домашен терен со Прилеп, а пак Радовиш кој е на дното без бодови пролетниот дел го отвара против Тиквеш во Кавадарци.


ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!