Втора лигаПрва лигаФудбал

Успешно одржан 25. Меморијален турнир „Вуко Каров“ – Тиквеш го подигна пехарот

Сподели
Сподели

Во Кавадарци денес се одржа 25-то издание на Меморијалниот турнир „Вуко Каров и Тиквешките легенди“, традиционален спортски настан кој со години претставува симбол на сеќавање, спортски дух и пријателство меѓу клубовите.

Оваа година, покрај домаќинот ГФК Тиквеш 1930 АД, учество земаа и екипите на ГФК Вардар Неготино и ФК Тетекс Тетово. Турнирот се одигра по италијански систем, „секој со секого“ по 45 минути игра.

Во пријателска, но натпреварувачка атмосфера, фудбалерите на Тиквеш покажаа класа и доминација, остварувајќи убедливи победи:

  • ГФК Тиквеш – ГФК Вардар Неготино 5:0

  • ГФК Тиквеш – ФК Тетекс 3:0

  • ГФК Вардар Неготино – ФК Тетекс 2:1

Со две победи и гол-разлика од 8:0, ГФК Тиквеш заслужено го освои првото место, зад себе ги остави ГФК Вардар Неготино на второто и ФК Тетекс Тетово на третото место.

За најдобар голман на турнирот беше прогласен Стефан Тасев од редовите на Тиквеш, додека наградата за најдобар играч му припадна на неговиот соиграч Данаил Тасев.

Организаторите упатија голема благодарност до сите учесници, спортски работници и службени лица кои придонесоа турнирот и оваа година да помине во најдобар ред. Посебна благодарност беше изразена и кон семејството на Вуко Каров, кои и овојпат беа присутни и дадоа посебна емоција на овој меморијален настан.

Со спортски поздрав и традиционалните зборови „Здравје, се гледаме до година“, кавадарчани уште еднаш покажаа дека споменот на Вуко Каров живее преку љубовта кон фудбалот и заедништвото.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!