Останато

Одбојкарите на ГОК Борец го совлада шампионот Струмица 47&72, убедлива победа и за Штип УГД

Сподели
ФОТО: Одбојкарски клуб "Штип Угд" - Штип
Сподели

Во рамките на четвртото коло од  Првата одбојкарска машка лига на Македонија, вчера се случи вистинско изненадување. ГОК Борец го победи фаворитот Струмица 47&72 со резултат 3:2.

Овој резултат ги изненади сите љубители на одбојката, бидејќи Струмица се сметаше за еден од кандидатите за пласман во горниот дел на табелата. Борец, пак, покажа голема борбеност и упорност, изборувајќи се за секој поен до самиот крај и на крајот заслужено славеше.

Во останатите натпревари, Македонија Џио го победи  Скопје со 3:0, Штип УГД ја совлада Шкендија со 3:0, додека Лирија и Весна Пробиштип се сретнаа во тесен дуел завршен со 3:2 за Лирија.

Дуелот помеѓу Јанта Волеј – Сушево е закажан за денес,  додека за вторник е предвиден мечот меѓу Работнички 71&22 и Универзитет во Тетово.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!