Прва лигаФудбал

Вардар повторно на врвот – Пелистер конечно победи!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Во возбудливо 13. коло од Првата македонска фудбалска лига, двата најтрофејни клуба во земјава, Вардар и Пелистер, стигнаа до важни победи со кои го зацврстија своето место во различни битки – едниот за титулата, другиот за опстаноНа арената „Тодор Проески“ во Скопје, Вардар славеше со 3-1 против Тиквеш и повторно се искачи на врвот на табелата. Домашниот состав уште од првиот свиреж на судијата ја наметна својата игра и создаде низа шанси. Првиот погодок падна во 19. минута, кога ударот на Ворен Чимбембе од работ на шеснаесетникот, по мала дефлекција, заврши зад грбот на голманот Стевковски.

Тиквеш возврати пред крајот на полувремето. По грешка во средината на теренот и ВАР-интервенција поради игра со рака, судијата досуди пенал кој Иван Ивановски го реализираше за 1-1.

Во продолжението, „црвено-црните“ имаа целосна контрола на натпреварот. Нападите на Вардар се редеа, а притисокот конечно вроди со плод во 82. минута, кога Едис Спахиу по убаво додавање се најде сам пред голманот и прецизно реализираше за ново водство. Само неколку минути подоцна, Роџерс Мато со брз продор и сигурна завршница ги постави конечните 3-1, со што Вардар ја потврди својата доминација и повторно го презеде врвот на табелата.

Паралелно, во Битола, Пелистер конечно ја прекина црната серија и по 77 дена повторно се врати на победнички пат. „Зелените“ пред својата публика минимално славеа со 1-0 против АП Брера, благодарение на погодокот на Вилдан Керим во првото полувреме. Тимот на тренерот Дејан Јакимовски овојпат делуваше цврсто во одбраната и зрело во нападот, контролирајќи го темпото на игра до последниот свиреж.

Со оваа победа, Пелистер направи значаен чекор во борбата за опстанок и ја врати позитивната атмосфера во тимот, додека Вардар со сигурен настап ја потврди амбицијата за враќање на шампионскиот трофеј.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!