Трета лигаФудбал

Ставров ќе им суди на Еуромилк и Беса од Слупчане, Павловиќ го доби дербито меѓу БВК Коњаре и Куманово

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Денес со натпреварот меѓу Ржаничино и Пчиња се отвара 11. коло во Трета лига – Север, а кој меч ќе го суди Никола Костенчев со асистенција на Мартин Дувњак и Виктор Здравев.

Познати се судиите и за утрешните натпревари.

Отља дома ќе игра со Беса од Сарај, а судиска тројка е Денис Стојковиќ како главен и Милош Алексиќ со Бојан Аврамовски како помошници.

Башкими Љуботен ќе игра со Кадино, Александар Ѓорѓиевски ќе биде главен судија, а Бобан Јовановски и Кристијан Крстев помошници.

Никола Петковски ќе им суди на Лопати и Фортуна, а ќе му помагаат Мартин Петковски и Станко Митровиќ.

За мечот меѓу Аеродром и Студеничани за главен судија е делегиран Виктор Спасовски, а ќе му помагаат Бојан Божиновски и Матеј Спасевски.

Дербито меѓу БВК Коњаре и Куманово ќе го суди Борче Павловиќ, а негови помошници ќе бидат Стефан Стојановски и Александар Николоски.

Непоразениот лидер Еуромилк ГЛ на домашен терен ќе игра со Беса од Слупчане. Главен судија ќе биде Методија Ставров, а ќе му помагаат Кристијан Лазеки и Енес Оскакач.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!