Трета лигаФудбал

Димовски ќе го суди дербито меѓу Борец и Превалец, Ристов на Тополка и Питу Гули

Сподели
ФОТО: Превалец - Тополка
Сподели

Утре ќе се играат натпреварите од 9. коло на Трета лига – Југ, а мечот меѓу Венец од Долни Дисан и Дреново е одложен и ќе се игра во нов вонреден термин. Во однос на останатите натпревари, познати се судиите кои ќе ја делат правдата.

Душко Стојсавлевиќ ќе им суди на Бучин и Млекар, а пак негови помошници ќе бидат Кире Кулески и Драган Јончески.

Росоман ќе биде домаќин на Младост од Кривогаштани, а главен судија ќе биде Драган Стевановски, а негови асистенти ќе бидат Славче Шоповски и Виктор Миланов.

Тополка на домашен терен ќе има тешка задача против фаворитот Питу Гули, а главен судија на мечот ќе биде Ангелчо Ристов, додека пак негови помошници ќе бидат Зоран Ангелов и Ване Дупкаров.

Дерби ќе се игра на Градскиот стадион во Велес, каде ќе се соочат ланскиот второлигаш Борец и екипата на Превалец. Правда ќе дели Николче Димовски, а негови помошници ќе бидат Љупчо Клинкаров и Мирко Најдов.

Ултрас во рамки на 9. коло ќе игра против Башкими од Јаболчиште, а на теренот со вештачка трева во Прилеп главен судија ќе биде Атанас Таневски, а пак негови помошници ќе бидат Тони Гурев и Лазар Стоев.

Сите натпревари ќе започнат во 13 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!