По шест одиграни кола четири фудбалери веќе прават разлика за тоа кој од нив да биде најдобар стрелец во Трета лига – Исток.
Октај Амедов од Слога Виница и Дарко Нацев од Овче Поле ја предводат листата на најдобри стрелци во Трета лига – Исток, а пак по шест погодоци имаат Игор Ѓорѓиев од Слога Виница и Петар Илиев од Дојранско Езеро.
По четири погодоци имаат Александар Илиев од Брегалница Делчево, Кристијан Ристовски од Слога Виница и Никола Трајков од Тиверија.
И натаму Живко Гоцев од Хоризонт Турново е единствениот со постигнат автогол.