Прва лигаФудбал

Битола е на нозе: Дербито секогаш моривира

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Пелистер и Вардар ја отворија оваа сезона од ПМФЛ, а сега ќе се сретнат во возвратниот натпревар од редовното 12. коло.

Битолчани на почетокот на сезоната имаа незгоден распоред со повеќе гостувања, но откако беше завршена реконструкцијата на инфраструктурата со помош на ФФМ, ова ќе биде прв пат да се игра „вечното дерби“ на реновираниот стадион „Петар Милошевски“, во ексклузивниот вечерен термин и под рефлектори.

„Во Скопје почнавме во добро издание и успешно париравме во првиот дел. Екипата е иста, недостига само повредениот Бошковски, а имаме и нов тренер. Ако одиграме машки и со карактер, со срце за зелениот дрес, мислам дека ќе стигнеме до посакуван резултат“, изјави капитенот Мирко Ивановски.

Тренерот Милан Стојаноски веќе го водеше тимот на неколку средби, една во Купот и две од првенството, па веќе има подобра слика за екипата.

„Дербито е секогаш интересно, од кога сум во Битола, прв пат гледам ваков интерес за нашиот натпревар, сите се мобилизирани. Очекуваме да дојдат навивачи на гостинскиот тим, ќе биде сосема поинаква атмосфера. Нема потреба да трошам зборови за Вардар, тоа е добра екипа и резултатите доволно говорат, тие се фаворити. Имам впечаток дека нашата игра е консолидирана, против Тиквеш ни недостигаше да постигнеме гол и ќе бев презадоволен. За жал, не успеавме во тоа, но имам верба во овие момци, очекувам дека противникот ќе ги мотивира и ќе се прикажат во најдобро светло. Задоволен сум од сработеното на тренинзите, очекувам да ја прикажеме посакуваната игра“, вели Стојаноски.

Пелистер се покажа како незгоден противник со Шкендија на домашен терен и успеа да изигра нерешено со фаворитите, па се надева на позитивен исход и со Вардар. За битолчани, мотивација е и фактот дека лани го совладаа Вардар во Битола, па и тренерот Стојаноски на прес конференцијата пред мечот порача дека никој не може да им го одземе правото да мечтаат за нов триумф.

Натпреварот се игра со почеток од 17 часот, на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!